Лука Тодороски од Таеквон-до ИТФ клубот „ЧОНЏИ“ од Косел-Охрид освои два медали на „Дубровник Опен 2022“

Охрид Спорт

Викендов што помина Таеквон-до ИТФ клубот „ЧОНЏИ“ од Косел-Охрид настапи на Меѓународен Таеквондо ИТФ турнир „Дубровник Опен 2022“ во Дубровник, Хрватска, каде што учествуваа околу 300 натпреварувачи од 24 клубови од 6 земји, Хрватска, Словенија, БиХ, Србија, Бугарија и Македонија.

Нашиот клуб учествуваше со 1 натпреварувач кои учествуваше во 2 дисциплини, форми (борба со замислен противник) и спаринг борби.

-Ова е трето учество на нашиот клуб, а воедно и трети медали за клубот, со што продолжува да се пишува почетокот на историјата на клубот. Најавувам дека јас и останатите натпреварувачи од клубот се бориме за поголеми успеси со кои ќе се гордее нашата општина Охрид и Македонија, изјави натпреварувачот од   Таеквон-до ИТФ клубот „ЧОНЏИ“од Косел-Охрид.                       

 Освоени медали се:

-Лука Тодороски

2 место (сребро) форми зелен појас, јуниори 14-15 години   

2 место (сребро) борби -55  кг. јуниори 14-15 години   

Таеквон-до ИТФ клубот „ЧОНЏИ“ од Косел-Охрид врши и упис на нови членови.

Please follow and like us: