Таеквон-до клубот „МАСТЕР“ Охрид викендов што помина настапи на Меѓународен Таеквондо ИТФ турнир „Дубровник Опен 2022“ во Хрватска, каде што учествуваа околу 300 натпреварувачи од 24 клубови од 6 земји, Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија, БиХ и Македонија .
Таеквон-до клубот „МАСТЕР“ Охрид под водство на Саша Поповски носител на црн појас V дан, учествуваше со двајца натпреварувачи кои учествуваа во 2 дисциплини, форми (борба со замислен противник) и спаринг борби.
-Конкуренцијата беше голема, тоа има даде поголем мотив на нашите натпреварувачи за да постигнат успех, полека од натпревар во натпревар покажуваат одличен напредок, а тоа има дава мотив и на помладите членови на клубот, изјави Саша Поповски, тренерот на клубот, кој користи прилика да изрази благодарност до Општина Охрид, која го помогна нивното учество на овој натпревар.
Освојувачи на медали се:
-Михаил Јоноски
1 место (злато) форми зелен појас, јуниори 14-17 години
-Теодора Митреска 3 место (бронза) борби – 65 кг. женски јуниори 14-17 години
Таеквон-до клубот „МАСТЕР“ Охрид врши и упис на нови членови кои сакаат да го изучуваат најатрактивниот боречки спорт.