Еден загинат и четворица повредени во тешката сообраќајна несреќа кај Свети Еразмо

Охрид Црна хроника

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на патот Охрид – Струга, кај Св. Еразмо.

Настанот го потврди и портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

“Попладнево околу 17:00 часот на патот Охрид – Струга, во близина на Св. Еразмо, случена е сообраќајна несреќа во која учествувале три возила. Полицијата врши увид, по што ќе се знаат причините за несреќата”, изјави Димоски и повеќе информации најави за утре.

ОХРИД 24 дознава дека во несреќата животот го загуби едно лице, а уште четири се повредени.

Please follow and like us:
Tagged