57-годишен охриѓанец го загуби животот во сообраќајката која се случи попладнево кај Св. Еразмо

Охрид Црна хроника

Денеска околу 16.40 часот на магистрален пат Охрид-Кичево се случи сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа рио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(57) од Охрид, патничко возило „ауди“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.П.(22) од Струга  и патничко возило „поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(39) од Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

“На местото на несреќата починал возачот Р.А., а повредени се 5 лица, кои се пренесени во болницата „Св. Еразмо’ и во охридската Општа болница. Увид извршија полициски екипи”, истакна Димоски.

фото: ТППЕ Охрид

Please follow and like us:
Tagged