Пецаков: Се асфалтира на повеќе локации во Горно Лакочереј

Охрид

Во селото Горно Лакочереј, денес, се одвиваат активности за асфалтирање на повеќе локации. Се асфалтира во центарот на целото, околу училиштето и помали улички, објави градоначалникот Кирил Пецаков на својата официјална Фејсбук страница.

“Асфалтираната површина е околу 1000м2. Вкупната должина изнесува 250 метри, а ширината околу 4 метри. Активностите се одвиваат во рамки на тендереот за асфалтирање на улици во рурални средини”, напиша градоначалникот Пецаков.

Please follow and like us:
Tagged