Специјалната единица „Тигар“ денеска и утре кај каналот „Студенчишта“ ќе спроведе тактичко-показна вежба

Охрид

Полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи, денеска и утре од 11 часот, на потегот од каналот „Студенчишта“ кон пешачката патека во Охрид, ќе  спроведат тактичко – показна вежба.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, се работи за редовна вежбовна активност на Единицата во која ќе се вклучи и Хеликоптерската единица на МВР, а целта е јакнење на професионалните компетенции на припадниците на Единицата за зголемена ефикасност и ефективност во борбата против криминалот и  подигнување на безбедноста на граѓаните и државата.

“Пред почетокот на вежбата, полициски екипи ќе извршат обиколка и обезбедување на поширокото подрачје каде ќе се изведуваат вежбовните активности со цел оневозможување влез на граѓани на подрачјето. Упатуваме апел до граѓаните, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат на подрачјето каде ќе се изведува вежбата и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници”, вели Димоски.

Вежбовни активности на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ во Охрид ќе има и во текот на идната недела за што, навремено ќе ја информираме јавноста, додава портпаролот на СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged