По европски терк се опремува и усовршува ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес беше во посета на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ којшто периодов со финансиска поддршка  на локалната власт  доби нова најсовремена oпрема која го олеснува воспитно образовниот процес, а на учениците им овозможува пристап до информации.

По распишан тендер и јавна набавка со средства од Општина Охрид, училницата по информатика се опреми со 25 нови компјутери со високи перформанси.  Вредноста на инвестицијата е 580.000 денари.

Во четиринаесет  училници се монтирани смарт табли со озвучување во вредност од 1.200.000 денари, а набавени се и 180 училишни клупи и столови за кои општината издвои 2. 900.000 денари.

Локалната самоуправа заедно со МОН и поддршка на ЕУ обезбедија лифт и тоалети за лица со посебни потреби кои веќе се ставени во употреба. Вкупната вредност на проектот е  6.000.000 денари.

Учениците од ЕМУЦ –Охрид освоија прво место на натпреварот  GreenTechEntrepreneurshipChallenge во кој беа вклучени пет средни стручни училишта од Република Македонија. Од  дизајнирање бизнис идеи базирани на зелени и одржливи технологии за најдобар беше избран проектот  на охридските ученици.  Тие изработија  апликација за мобилен телефон  за лоцирање депонии со цел  побрзо решавање на овој проблем.

Неодамна во Скопје беше промовирана од петтата генерација на ученици кои се запишаа во паралелките со дуално образование. Бројот на запишани деца годинава е  четириесет и два и радува фактот што овој број од година во година расте, а тројца ученици од првата генерација веќе се вработени во „КОСТАЛ“. Од седумнаесетте ученици од првата завршена генерација десетмина  добија меѓународен сертификат, Техничар за индустриска мехатроника.

Please follow and like us:
Tagged