На 20.11.2022 година во СВР Охрид, лишен од слобода е 40-годишен охриѓанец.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, при контрола, претходно извршена на улицата „Пере Тошев“ во Охрид, тој се обидел да избега од полициските службеници, но бил фатен.
-При извршен преглед кај него пронајдени и одземени се кафеава прашкаста материја и предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна Димоски.
фото: архива
Please follow and like us: