Новата анкета која покажа двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ е реалноста која се случува после овие години на неработење и неспособност на власта и сите скандали што ги следат. Затоа велиме ајде на предвремени избори, но и тие ги гледаат овие бројки и затоа се плашат од избори, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, во интервју за „Република“.
Тој објаснува дека оваа власт не донесе подобар живот и оти и владата на Заев и оваа на Ковачевски се група на олигарси кои немаат допир со обичниот народ и не ги гледаат нивните потреби.
-Затоа е најдобро да има предвремени избори бидејќи оваа власт не однесе во ендек. Со овие анкети кога и да се случат изборите СДСМ ќе изгуби со премногу разлика, односно ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со преку 20 пратеници разлика и ќе ја формираме следната влада, убеден е Мисајловски.
Големата бројка на граѓани кои на анкетите одбиваат да се изјаснат за кого ќе гласаат според Мисајловски се должи на страв.
-Најголем дел се вработени можеби во државна админстрација и се плашат да ги кажат своите мислења, но затоа постојат и теренски анкети и може да се види процентот на незадоволство кај граѓаните. Ние како партија сакаме да дадеме и надеж и нова енергија дека може да биде поразлично, дека не се сите исти и нешто може да се промени. И затоа треба што повеќе позитивна реторика пред граѓаните, додава потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто ТУКА