Започнаа активностите за целосна реконструкција на повеќенаменското игралиште во Долно Коњско, објави градоначалникот Кирил Пецаков на својата официјална Фејсбук страница.
“Согласно проектот предвидено е да се изврши целосна замена на заштитната ограда и да се изврши санација на спортските реквизити. Овие активности се резултат од постојаната комуникација што ја практикуваме со охриѓани. Вредноста на зафатите изнесуваат околу 230 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид”, напиша градоначалникот Пецаков.


Please follow and like us: