На 23.11.2022 година во 19.12 часот во СВР Охрид пријавено е оштетување на стакло на канцеларијата на здружението “Цар Борис Трети” лоцирана на Бул. “Македонски Просветители” во ТЦ Амам во Охрид.
“Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот при што, утврдено е дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје”, истакна Димоски.
За настанот известен е Јавен Обвинител од ОЈО Охрид по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Please follow and like us: