Градоначалникот Пецаков оствари средба со дел од кошаркарите и претставници на ГКК Охрид

Охрид Спорт

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари средба со дел од кошаркарите и претставници на Градскиот кошаркарски клуб Охрид.

На средбата било разговарано за тековните натпреварувања и успесите кои кошаркарите ги постигнуваат.

“Во знак на благодарност за личната соработка која што ја имаме и соработката со Општина Охрид ми беше врачен дрес. Нашата замисла е континуирано вложување во спортот со цел градење на здрави навики кај младите и децата”, напиша градоначалникот Пецаков на Фејсбук.

Please follow and like us:
Tagged