Од американската турнеја на Владимир Четкар останаа само уште две дестинации. На 30 ноември тој ќе настапи во Black Cat Jazz Club, најпознатиот џез клуб во Сан Франциско, a на 9 декември во Вест Палм Бич, Флорида во прочуениот Нортон Музеј на уметноста.
Владимир Четкар на оваа турнеја досега настапи во Чикаго, Детроит, Кливленд и Њујорк каде концертот беше распродаден неколку дена однапред. На овие концерти Четкар се претставува како композитор, аранжер, изведувач (гитарист и вокалист) и бенд лидер.
извор: Република
Please follow and like us: