ВМРО-ДПМНЕ со повик до граѓаните: Биди дел од проектот „Твоја идеја за промени“ и креирај буџет според твоите потреби и приоритети

Македонија Охрид

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ изминатата година покажаа дека со многу работа и труд може многу да се промени и да се постигне. Преку реализација на голем број на проекти од интерес на граѓаните и подобрување на секојдневното живеење се покажа дека не се сите исти, додека едните крадат и лажат, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со посветено работење донесоа подобра иднина за граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата преку проектот „Твојата идеја за промени“ им нуди можност на граѓаните да ги предложат своите идеи и проекти кои би сакале да се реализираат, се со цел заеднички да се планира развојот на општините.

Во следните два викенди, на 3ти и 4ти декември, како и на 10ти и 11ти декември, од 11 до 14 часот, граѓаните ќе може да предложат проекти и идеи кои ќе бидат вклучени за буџетска 2023 година. На сите граѓани ќе им бидат презентирани и плановите и проектите кои веќе се испланирани за следната буџетска година од страна на градоначалниците.

Воедно, граѓаните ќе можат и по електронски пат на веб страната http://budzet.mk да ги достават своите предлози кои подоцна ќе бидат разгледани од стручни и професионални лица.

-Со ова се нуди можност на сите граѓаните да учествуваат во креираат на проекти финасирани од општинските народни пари и да се зајакне учеството на граѓаните во локалните политики. Градоначаниците на ВМРО-ДПМНЕ се фокусирани на создавање на модерни и европски општини. ВМРО-ДПМНЕ е партија која ги отвора вратите и преку заедничко делување, посветено, одговорно, со многу работа создава подобра иднина и надеж за сите граѓани. Креираме буџети согласно потребите и приоритетите на граѓаните. Буџет од народот за народот. Предложи ја твојата идеја за промените! Биди дел од промените што носат иднина, се вли во соопштението на партијата.

Please follow and like us:
Tagged