Изложба „Пикасо можеби јас” и „Недела на шпански филм” во Охрид

Култура Охрид

Како резултат на културната соработка меѓу Општина Охрид и Амбасадата на Шпанија во Република Македонија, во Охрид ќе се одржи изложба и проекција на циклус шпански филмови.

Изложбата „Пикасо можеби јас“ од македонскиот уметник Филип Фидановски ќе биде отворена на 20.12.2022 (вторник) со почеток во 18:00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“. Изложбата се организира по повод 140-годишнината од раѓањето на познатиот светски уметник Пабло Пикасо.

Истата вечер со почеток во 19:00 часот во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе започне „Недела на шпански филм“ која ќе трае до 22.12.2022 година. Планирано е да бидат прикажани три филмови од шпанска продукција. Филмовите ќе се прикажуваат по следниот редослед:

  • 20.12.2022 (вторник) ќе биде прикажан филмот „Шампиони“ од режисерот Хавиер Фезер.
  • 21.12.2022 (среда) ќе биде прикажан филмот „Тајната во нивните очи“ од режисерот Хуан Хозе Кампанела.
  • 22.12.2022 (четврток) ќе биде прикажан филмот „Лесно е да се живее со очи затворени“ од режисерот Давид Труеба.

Проекциите ќе започуваат во 19:00 часот, а влезот е бесплатен.

Please follow and like us:
Tagged