ГРК Охрид со победа го заврши регуларниот дел од сезоната во Супер лигата. Во рамки на 14 коло од А групата, вечерва, Охрид на гости го совлада Вардар Неготино, со резултат 27-21.
Најефикасни во победничката екипа беа Владимир Бојаниќ со шест и Владан Кастратовиќ со пет гола, а одличен на голот беше и голманот Александар Миленковиќ со 16 интервенции.
Охриѓани заедно со шампионот Вардар, Алкалоид и Бутел патуваат во плеј-офот, кој ќе почне по зимската пауза.
фото: ГРК Охрид
Please follow and like us: