Почнува зимата

Македонија Охрид Регион

Зимата во земјава и на северната хемисфера на Земјата календарски почнува вечер во 22 часот и 48 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото.

На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето изгреа во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути.

Денеска е 355-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 10 дена.

Зимата ќе трае 88 дена, 23 часа и 36 минути, до 20 март 2023 година, кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.

Метеоролозите за првиот зимски ден најавија сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

фото: Ристе Спироски

Please follow and like us:
Tagged