(ВИДЕО) Охриѓанецот Александар Петрески ја претстави „Снегулка“, новогодишна детска песна

Култура Охрид

Охриѓанецот Александар Петрески, кој живее и работи во Германија, ја претстави неговата најнова новогодишна детска песна со наслов „Снегулка“, која е во соработка со, како што вели Александар, девојката со ангелски глас, Марија Цветановска.

“Кога бев дете, имав преголема желба за снег во зима. Посебно пред Нова Година. Се молев секогаш кога врнеше снегот да се задржи. Во моето рано детство тоа беше почеста појава. Никогаш нема да ги заборавам оние моменти, кога со другарите од училиште си одевме дома низ охридското кале. Посебно мила ми беше рутата низ чаршија навечер! Неколкуте тезги со новогодишни украси, отсликуваа волшебна бајка во невините детски очи. Сеуште во уши ми ѕвонат звуците од честитките…
Сето тоа, за кое можам уште многу да зборувам, накратко го опишав во оваа новогодишна детска песна. Испеана е од возрасни вокали, како хибрид, кој би овозможил уживање и на децата и на возрасните. Иако идејата брзо ја реализирав, напорно на останатите финеси работев три месеци и по безброј изведби на кауч е веќе хит во мојот дом”, вели Александар.

Музика, текст, аранжман, продукција и мастеринг се на Александар Петрески. Зад преубавите пејзажи низ Германија и декоративните кадри стои Оливер Петкоски. Зад охридската приказна и видео продукцијата стои Климент Симоноски.

Please follow and like us: