Познатиот хрватски пејач Масимо Савиќ денеска почина на 60-годишна возраст.
За ненадејната смрт на „Фејсбук“ објавија неговите ќерка и сопруга.
Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, нè напушти по кратка, но херојска борба. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души; насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Засекогаш ќе останеме твоите девојки, Ени и Мирна, стои во објава на Фејсбук.
Тажната вест ја потврди и дискографската куќа Aquarius Records.
Савиќ починал во болницата во Виноград каде се лекувал од рак на белите дробови.
извор и фото: Република
Please follow and like us: