Две тепачки во Охрид

Охрид Црна хроника

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира за две нарушувања на јавниот ред и мир, со меѓусебна физичка пресметка, случени на подрачјето на Охрид.

На 26.12.2022 околу 20.30 часот, во СВР Охрид приведени се Д.А.(24), М.А.(24), З.К.(55) и С.Б.(27), сите од Охрид, затоа што на улицата „Абас Емин“ во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.12.2022 во 04.20 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа М.К.(20) и Џ.А.(22), двајцата од Охрид, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Please follow and like us:
Tagged