Приведен крадец во Охрид

Охрид Црна хроника

На 28.12.2022 во 15.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Т.(57) од Охрид.

Тој бил затекнат на ул.„Јане Сандански“ во обид насилно да ја отвори возачката врата на патничко возило „волво“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на С.С. од Охрид, и да изврши кражба.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Please follow and like us: