На 29.12.2022 во 18.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 23-годишен битолчанец, со привремен престој во Охрид.
При претрес во домот во кој престојува, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Please follow and like us: