Две тепачки на новогодишната ноќ во Охрид

Охрид Црна хроника

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира за две нарушувања на јавниот ред и мир со физичка пресметка, случени на новогодишната ноќ во Охрид.

На 01.01.2023 во 03.20 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле Ф.П.(18), Н.Ј.(18), Т.П.(19), И.И.(19), А.А.(18), П.А.(18) и еден 17-годишен малолетник, сите од Кавадарци, Р.Б.(46) од селото Велгошти, охридско и Б.Р.(33) од Охрид. Тие, во угостителски објект на булевар „Железничка“ во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.01.2022 во 02.35 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле В.В.(25) и И.М.(25), двајцата од Република Србија, и В.И.(19) од с.Брвеница, тетовско, затоа што во близина на угостителски објект на булевар „Македонски просветители“ во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Please follow and like us:
Tagged