(ФОТО) На Славеј Планина откриена е бесправна сеча на 21m3 буково огревно дрво

Охрид Регион

И за време на празници, Шумската полиција од Охрид е активна во откривање и спречување на бесправна сеча која се врши од страна на дрвокрадците.

Така, на ден 5.1.2023 година, од страна на Шумската полиција од Охрид на место викано Равен, наспроти познатото бачило од Русе, на Славеј Планина, откриена е бесправна сеча на 21m3 буково огревно дрво.

Бесправно посеченото буково огревно дрво од страна на Шумската полиција беше одземено и со Записник предадено на Шумското стопанство Галичица Охрид.

Please follow and like us: