62-годишен жител на струшкото село Ливада, осомничен дека убил кучиња скитници во Струга

Регион

На 10.01.2023 во 17.15 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга,  извршен е службен разговор со 62-годишен жител од селото Ливада, струшко.

Тој, како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, се сомничи дека во периодот од 06.45 до 07.15 часот на улица „Владо Малески“ во Струга со огнено оружје усмртил седум кучиња скитници.

-Од него, одземена е ловечка пушка сачмарка калибар 16 милиметри за вештачење. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.

Please follow and like us:
Tagged