На ден 15.1.2023 година, при контрола на Шумската полиција од Охрид, во Шумско стопанска единица Волниште, атар на село Арбиново, м.в. Козајлак, откриена е бесправна сеча на 8прм. дабово огревно дрво.
Бесправно посеченото дабово огревно дрво од страна на Шумската полиција Охрид е одземено и записнички предадено на овластено лице од Шумско стопанство Галичица Охрид, за што ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Охрид.


Истиот ден (15.1.2023), Шумската полиција од Охрид, при контрола во Шумско стопанска единица Буково, откри во дворно место од викендица бесправно складирано борово техничко дрво.
Бесправно складираното техничко дрво е предадено на овластено лице од Шумско стопанство Галичица, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава до Основен суд Охрид.