Две тепачки во Охрид

Охрид Црна хроника

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира за две нарушувања на јавниот ред и мир случени во Охрид.

На 15.01.2023 година во 03.40 часот, во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.Т. врз Ѓ.М. од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.01.2023 година во 00.10 часот, во СВР Охрид приведен е В.С. од Охрид кој претходно, на улицата „Спас Банџов“ во Охрид, физички и со употреба на дрвен предмет го нападнал Г.Ш. од Охрид. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Please follow and like us:
Tagged