ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Драмите, скандалите и хаосот во секторите во Општината завршија истиот момент кога охриѓани ги казнија СДСМ катастрофално на локалните избори

Охрид

Локалната самоуправа и градоначалникот Д-р Кирил Пецаков уште од самото преземање на власта се залагаат урбанизацијата да ги следи позитивните законски прописи и никогаш не ги ставиле во прашање заштитата на неговата архитектонска препознатливост и посебност, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид во врска со соопштението на СДСМ Охрид поврзано за Секторот за урбанизам.

Понатаму во реакцијата се додава:

“Ги разбираме нервозата и бесот на СДСМ Охрид затоа што заврши нивното време кога цветаше урбаната мафија и само одредени луѓе имаа привилегии, а за останатите се бараа 1000 причини само да не се решат барањата на народот.

За оваа локална власт на прво место се интересите на граѓаните, а не личните и партиските интереси како што тоа е случај со СДСМ Охрид.

Нивните бизнис интереси беа и се поважни од заштитата на Охрид и тоа на чело со нивната Претседателка која ги прекршува сите законски норми само за сопствен и партиски бенефит.

Сите промени коишто се случуваат или би се случиле во иднина се во интерес на граѓаните и во насока на побрзо и поефикасно водење и решавање на сите предмети во секторот, но и на сите барања во останатите сектори во Општината.

Драмите, скандалите и хаосот во секторите во Општината завршија истиот момент кога охриѓани ги казнија СДСМ катастрофално на локалните избори.

За волја на вистината нема никакви преместувања на никакви помошници раководители затоа што станува збор за овластени лица од страна на Градоначалникот.

СДСМ Охрид треба да разбере дека ниту едно место не е вечно и загарантирано за една личност како во нивното време, затоа што сега се вреднува трудот, работата и знаењето на секој еден во Општина Охрид.

Во владеењето на СДСМ урбанистичкиот хаос го достигна врвот и затоа најмалку се повикани да го споменуваат зборот урбанизам”.

Please follow and like us:
Tagged