Специјално обезбедување за Ковачевски во Каменско и на градското пристаниште во Охрид

Охрид

Премиерот Димитар Ковачески утре на одбележувањето на верскиот празник Водици ќе присуствува во Охрид.

Според нашите информации, агендата предвидува Премиерот да присуствува на богослужба во црквата Света Богородица Каменско, а потоа да присуствува и на осветувањето на водите на Охридско Езеро и фрлањето на крстот на градското пристаниште. Поради тоа, како што дознаваме, се планирани специјални мерки за обезбедување.

Во СВР Охрид вчера се одржал состанок со претставници на Петтата управа, на која биле изнесени детали околу тоа какви мерки за безбедност ќе се спроведуваат при посетата на Ковачески и неговиот престој во црквата и пристаништето.

Неофицијално дознаваме дека ќе присуствувале над 40 луѓе од полициските структури, а ќе имало и снајперисти по кровови.

Какви мерки на безбедност се планира да се превземат граѓаните ќе видат утре.

Please follow and like us:
Tagged