Пецаков: Компанија од ЕУ ќе инвестира во Охрид во производство на пловни објекти на сончева енергија, електрични мотори и мотори на сончева енергија

Охрид

Делегација од Европска унија, составена од 21 амбасадор на држави членки на ЕУ, а предводена од шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Н.Е. Дејвид Гир, беше во посета на Охрид со цел запознавање со тековните и идни проекти кои би можеле да бидат поддржани од нивна страна.

Меѓу другото, градоначалникот Кирил Пецаков пред високите гости обелодени дека компанија од Европската Унија ќе инвестира во Охрид.

-Во делот на заштитата на Охридското Езеро со гордост можам да кажам дека како градоначалник и како Локална самоуправа ги поминавме сите преговори со компанија која потекнува од земја членка на ЕУ, а ќе инвестира во Охрид во производство на пловни објекти на сончева енергија, електрични мотори и мотори на сончева енергија наменети за пловните објекти. Со реализација на инвестицијата ја започнуваме и наредната фаза, а тоа е постепена промена на моторите од веќе постоечките пловни објекти во Охридското Езеро со овие нови и незагадувачки мотори, рече градоначалникот на Охрид

Please follow and like us:
Tagged