На 07.02.2023 во 13.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека пред деловен објект во близина на спортско – рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, од страна на две лица од Охрид, на возраст од 47 и 26 години, бил нарушен јавниот ред и мир со употреба на остар предмет, на што претходела нивна меѓусебна вербална расправија.
Притоа, со телесни повреди се здобил 47-годишниот охриѓанец, констатирани во Општа болница во Охрид, додека 26-годишниот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. По целосно расчистување на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Please follow and like us: