Во Белчишта, Дебрца, пронајдена импровизирана лабораторија за производство на марихуана

Охрид Регион Црна хроника

На 10.02.2023 година, на подрачјето на СВР Охрид, по претходна судска наредба извршени се претреси кај осум лица (по два во Охрид, Струга, Кичево и Дебар), во кои се опфатени 10 куќи и помошни простории и две патнички возила, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Притоа, во селото Белчишта, општина Дебрца, пронајдена е импровизирана мала лабораторија за производство на марихуана, сопственост на 50-годишно лице од истото село, во која се пронајдени четири растенија канабис, кеса со семки од канабис и тегла со марихуана. Лицето е лишено од слобода, соопшти Димоски.

Please follow and like us:
Tagged