На ден 10.2.2023 во 10:20 часот во Шумско стопанска единица Јабланица – Ќафасан, при контрола од страна на Шумската полиција од Охрид со поддршка на шумски полицајци од Шумско-полициската станица Струга, откриена е бесправна сеча на 120 m3 дабово огревно дрво.
Бесправно посеченото дабово огревно дрво од страна на Шумската полиција од Охрид е одземено со Потврда за привремено одземени предмети и записнички предадено на овластено лице од Шумското стопанство Јабланица Струга. За целиот случај Шумската полиција од Охрид ќе поднесе соодветна пријава до Основното Јавно Обвинителство Струга.
Please follow and like us: