Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира за неколку настани случени изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Охрид.
На 11.02.2023 година во 20,30 часот, во СВР Охрид пријавено е дека Ј.П. од охридското село Велгошти, во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.02.2023 година во 17,30 часот, во селото Издеглавје, општина Дебрца, нарушен е јавниот ред и мир со карање, агресивно однесување и закани упатени од Д.Т.(73) кон М.С.(37), двајцата од истото село. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12-02-2023 година во 01 часот, во СВР Охрид приведен е И.Г.(38) од Охрид кој претходно, во казино лоцирано на улицата „Абас Емин“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон присутните гости а потоа и кон полициските службеници. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.02.2023 година во 05,30 часот, во ОВР Струга пријавено е дека, Е.В.(38) од Кавадарци, пред казино лоцирано на улицата „15 корпус“ во Струга, бил физички нападнат од две непознати лица кои му одзеле 11000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите по што ќе биде поднесена соодветна пријава.