Објавен документарен филм за значењето на трската во Охридското Езеро

Охрид

Здружението за заштита и одржлив  развој на животната средина „Регионален зелен  центар “ Охрид го објави документарниот филм за значењето на трската во Охридското Езеро.

Оваа активност е дел од проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“. Документарниот филм претставува збир на постигнатото од секоја фаза на проектот, односно неговата содржина се конципира со помош на статистичките податоци добиени од спроведените теренски истражувања. Се работи за краток филм кој ги прикажува убавините и значењето на трската за биодиверзитетот, потребата од нејзина соодветна заштита, како и моменталната состојба на појасот на трска во Охридското Езеро.

Документарниот филм е објавен на социјалните мрежи на здружението и на Youtube платформата, а во скоро време треба да се емитува и на ТВ. Исто така, овој филм заедно со кратките информативно- едукативни видеа ќе се користи како материјал кој ќе се презентира во сите основни училишта во Општина Охрид.

Проектот „Мапирање и управување со  трската во Охридското  Езеро“ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Please follow and like us:
Tagged