Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација, која го негува Таеквон-до ИТФ, точно после 31 година постоење конечно доби Решение дејност спорт од Агенцијата за млади и спорт (АМС).

Таеквон-до ИТФ во Македонија го донесе Саша Поповски носител на црн појас V дан, некогашен репрезентативец на Југославија, кој за време на војната и распадот на Југославија, бил приморан да се пресели во нашата држава, отворајќи го првиот клуб во Охрид на 22.2.1992 година, кој и ден денес опстојува под името Таеквон-до клуб “МАСТЕР” Охрид.
“Во изминативе триесет години имаме учествувано на седум Светски и шест Европски првенства од кои досега имаме осовено 3 медали од Светски првенства, златен, сребрен и бронзен, и 6 медали од Европски првенства, 3 бронзени и 3 сребрени медали”, изјави Марјанчо Лазаревски, носител на црн појас V дан, поранешен светски вицешампион Прага ’96, сегашен претседател на МТТФ, кој е трет претседател на МТТФ и ученик на Саша Поповски.

Како за почеток, МТТФ му ја додели честа на Таеквон-до клуб “МАСТЕР” Охрид, како најстар клуб, да го организира првото државно првенство во Таеквон-до ИТФ, на 11 март 2023, во спортската сала “Билјанини извори”.