Денеска се асфалтираше патот Охрид – село Орман кај Алтанин мост

Охрид

Денеска се одвиваа градежни активности за асфалтирање на патниот правец Охрид – с. Орман кај Алтанин мост, објави градоначалникот Кирил Пецаков на својата официјална фејсбук страница.

“Оваа делница беше оценета од страна на службите како критична и веднаш се пристапи кон санација.

Од понеделник активностите за асфалтирање продолжуваат на улица “Никола Петров Русински” во урбана заедница Воска – Даљан”, напиша градоначалникот Пецаков.

Please follow and like us: