На 26.02.2023 година во 01.45 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е 31-годишен охриѓанец.
Тој, претходно на булеварот „Туристичка“ во Охрид, физички нападнал 20-годишен охриѓанец и со остар предмет, кој е пронајден и одземен, му упатил закани а потоа му одзел пари.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Please follow and like us: