Во вчерашниот пожар изгорена е голема површина на трска, опожарени се и овоштарници

Охрид

Во вчерашниот голем пожар кој избувна во полето помеѓу населбата “Радојца Новичиќ” и селата Долно Лакочереј и Орман, изгорена е голема површина на трска, опожарени се и овоштарници, информираат од Територијалната противпожарна единица на Охрид.

“Сторителите кои ги подметнуваат пожарите мора да се санкционираат ! Изгорена е голема површина на трска во која егзистираат голем број на птици и животни, опожарени се и овоштарници, а од силниот ветар имаше реална опасност да се загрозат поблиските куќи кои се штитеа повеќе од четири саати ! Пожарот е ликвидиран од нашите екипи со помош на граѓани и членови на ДПД Ентузијаст Охрид-Дебрца”, велат од ТППЕ Охрид.

Please follow and like us:
Tagged