(ФОТО) Спортски ден во Велгошти по повод 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер Тодор Александров

Охрид

По повод 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер Тодор Александров, денес во Велгошти во организација на ОУ „Живко Чинго“ и Сојузот за училишен спорт, се организира „Спортски ден“ за учениците од основните училишта од Охрид и Дебрца. Во името на локалната самоуправа, пред пристутните се обрати советникот Наум Јамандиев.

– Локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена да ги поддржи ваквите манифестации, кои значат правилен психо-физички и социјален развој на нашите најмили – децата. Со спортската игра и натпреварувањето децата ќе имаат можност да научат како да не се возгордеат во победата, но и да не се разорачуваат во поразот. Спортот ќе ги научи дека постојаноста и посветеноста се најважни, а тие карактеристики ќе им помогнат така да се однесуваат и во сите други области од нивниот живот.

Натпреварите ќе се одиграат во фудбал за ученици од шесто и седмо одделение, баскет за ученици од осмо и девето одделение, шах за ученици од прво до девето одделение и пинг понг за ученици од шесто до девето одделение.

Постигнатите резултати ќе бидат вреднувани во рамките на училишните спортски игри.

Please follow and like us: