Кај 30-годишен охриѓанец полицијата пронајде марихуана

Охрид Црна хроника

На 09.03.2023 во 21.45 часот пред казино на улица „Партизанска“ во Охрид, лишен од слобода е 30-годишен охриѓанец.

При извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Please follow and like us:
Tagged