Најмногу дожд во Охрид 28 литри на квадрат

Охрид

Најмногу дожд 28 литри на метар квадратен во изминатото деноноќие наврна во Охрид, 25 литри во Битола, 22 во Крушево, 19 во Дебар, 10 во Прилеп, шест во Демир Капија, пет во Гевгелија, а четири литри во Скопје.

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -6 степени, во Маврово е -3, во Скопје плус четири и најтопло во Гевгелија со шест степени.

Во Крушево има снежна покривка од 13 сантиметри, во Маврово три, а на Попова Шапка два сантиметра.

Во текот на ноќта беше облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи имаше во југозападните делови. Дуваше умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено, на планините и на повисоките места локално ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен до силен северен ветер, на повеќе места со брзина и над 70 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

извор: Курир

Please follow and like us: