Дисперзираните паралелки по фудбал при „Спортска академија“ се преместуваат од Угостителско во Гимназија

Охрид

На 25. седница на Советот на Општина Охрид советниците донесоа Одлука за давање согласност за просторно преместување на дисперзираните паралелки по фудбал при ДСУ „Спортска академија“ во рамки на ОСУ ,,Свети Климент Охридски“.

Во Образложението на општина Охрид за ваквата одлука се вели:

Општина Охрид во насока на остварување на својата функција и надлежност од областа на образованието преку основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта, а се со цел овозможување на подобри услови за настава на учениците и збогатување на понудата на средните училишта на својата територија, презема континуирани мерки и активности и прифаќа иницијативи кои се движат во таа насока“.

Како дел од општинско училиште во рамките на Гимназијата со соодветни училници, спортска сала и спортско игралиште условите за развој се на многу повисоко ниво. Се отвораат нови можности и перспективи за учениците и секако тоа придонесува да биде дополнително атрактивна и посакувана од идните ученици како главна заложба на Општината во развојот на образованието, спортот и спортистите.

Please follow and like us: