Охриѓанец бил агресивен кон мајка си и полициските службеници

Охрид Црна хроника

На 17.03.2023 година во 18.30 часот, од полициски службеници од СВР Охрид лишен е од слобода Н.Џ.(27) од Охрид.

Тој претходно во семејниот дом, бил агресивен кон неговата мајка, а потоа и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Please follow and like us:
Tagged