Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури ќе се движат од -3 до 3 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 13 до 21 степен.
Утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во вечерните часови, кога на места ќе бидат пообилни. Потоа следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура.
Please follow and like us: