Приведени две лица во Охрид, во нивните автомобили полицијата пронајде марихуана

Охрид Црна хроника

На 19.03.2023 година во 15.15 часот, во СВР Охрид приведен е 50-годишен жител на селото Белчишта, општина Дебрца.

При преглед на возило што тој го управувал, извршен на улицата „Партизанска“ во Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана.

Истиот ден околу 22 часот, во СВР Охрид приведен 24-годишен охриѓанец.

При преглед на патнички автомобил што тој го управувал, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана.

По целосно документирање на настаните, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Please follow and like us:
Tagged