Ќебиња и буриња со цемент извадија денеска екипите на ЈП “Нискоградба” Охрид од канализационата мрежа во градот.
Тие во моментов работат на отстранување и санација на дефектот на канализационата линија на улица “Димитар Влахов”.
Од ЈП “Нискоградба” Охрид честопати упатуваат апел и повикуваат на совесно однесување, но тоа како да не допира до несовесните граѓани, кои и натаму фрлаат сѐ и сешто во шахтите.





Please follow and like us: