Официјално: Данило Брестовац е нов селектор на Македонската машка ракометна репрезентација

Спорт

Ракометната федерација на Македонија денеска го промовираше новиот селектор на машката А-репрезентација, Данило Брестовац. Тој се заблагодари на довербата и рече дека е кадарен да се носи со оваа функција.

Актуелниот предводник на Металург доби сериозно унапредување и огромна нова одговорност во кариерата. Вели дека со оглед на сите случувања во неговата кариера, ова го гледа како логично продолжение.

-Благодарност до комисијата и до претседателот што одговорија позитивно на мојата кандидатура за селектор. Прифатив, затоа што мислам дека сум способен да одговорам на оваа функција. Сето она што е позади мене ми дава за право да дојдам до остварување на овој мој професионален сон, да бидам на чело на македонската репрезентација. Ако се вратам малку поназад, има некои работи, кои навистина оставаат печат во мојот живот, како на пример првите титули со Вардар, првиот пласман на едно големо првенство со македонската репрезентација, моето заминување во странство, во тоа тешко време за македонските ракометари. Поентата на ова што го раскажувам е тоа дека, веќе имавме соработка со РФМ, на две првенства, едни неуспешни квалификации за Олимписки игри, потоа еден период кога требаше да се формира селекција 1998, па потоа и создавање на генерацијата 2000, што уште е во тек…така што нормален редослед ми е јас да се нафатам на ова, изјави Брестовац на промоцијата.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged