Во НУБ „Григор Прличев“ два настани во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жените

Култура

Утре 6 март во 12 часот НУ Библиотекa „Григор Прличев“ во соработка со Почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид ќе одржи креативна работилница за деца, посветена на празникот 8 Март.

Триесеттина деца од ОУ „Св Наум Охридски“ од Пештани и подрачните
училишта во Трпејца и Коњско ќе изработуваат честитки за своите најблиски.

Во четврток 7 март исто напладне во охридската библиотека ќе се одржи
поетското читање под наслов: „ Убав и нежен стих – ист како жените“.

Група жени – поети членки на Здружението на пензионери од Охрид и
Дебрца и членки на програмата „Грижа за стари лица“ при Црвен крст – Охрид ќе читаат свои творби и творби посветени за жената и убавината кои ним им се посебно драги.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged