Официјално:Митре Милошески, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ за Охрид

Охрид

Кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори на 21 април на огромно задоволство со одлука на Извршниот Комитет е д-р Митре Милошевски, објавија од партијата.

Угледот и кредибилитетот на д-р Митре Милошевски и ВМРО-ДПМНЕ гарантираат спроведување на сериозно подготвена програма и сигурна победа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Д-р Митре Милошевски е роден на 29.10.1963 год. во с. Битуше. Специјализација по Неурохирургија има завршено на Медицински Факултет во Скопје. Доктор специјалист во дејноста со која се занимава: Повреди и дегенеративни страдања на ’рбетниот столб и мозок; и Повреди и заболувања на ЦНС и краниумот. Вработен во болницата за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо Охридски“. Сопруг и татко на две деца.

Сплотени и мотивирани за доброто на Охрид и охриѓани.
На 21 април, д-р Митре Милошевски за градоначалник на Охрид, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged